Северина испрати вулгарна порака со својот стајлинг (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Пејачката Северина Којиќ го помина Велигден во родниот Сплит, каде престојува веќе некое време. Таа често објавува фотографии на Инстаграм, на кои е секогаш беспрекорно стилизирана, а на последната фотографија што ја објави, очигледно испрати порака до јавноста со својот стајлинг.

Овој пат Северина избра долг жолт фустан со длабок шлиц за прошетка низ градот. Таа го комбинираше фустанот со патики и спортски чорапи, на кои пишува Fuck what they think.

Оваа порака многумина ја поврзаа со приказната за нејзиниот развод со Игор Којиќ, за која се зборуваше и пишуваше со месеци.

Иако пејачката не се огласи по овој повод, можеби ова е нејзиниот одговор на сè.

Слични содржини