Северна Италија: Снег и поплави после невремето (видео)

од Nikola Popovski

Обилните дождови денеска предизвикаа поплави на северот на Италија, а невремето најмногу ги погоди деловите на Венето, Фриули и Болзано, додека снег падна на крајниот север.

Пожарникарите во областа Венето имале повеќе од 400 итни интервенции за неколку часа, додека регионалните власти ги повикале граѓаните да ги избегнуваат патувањата поради можни одрони на патиштата.

Реката Панаро се излеала во Модена и поради тоа било евакуирано населението во близина на таа река. Пожарникарската служба доби засилување од колеги од Тоскана и Пиемонт.

Железничкиот сообраќај во областа Болзано кон Австрија се одвивал со потешкотии, а во некои делови и во прекин поради снег.  Поради опасност, пак, од лавини, стебла и камења, затворен е автопатот А22 меѓу Випитен и Бренер.

Слични содржини