Шаќири: Има училишта кои ги добиле учебниците, но се уште не ги доставиле кај децата

од Nikola Popovski

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири денеска порача дека ќе побара одговорност доколку наставните програми за седмо одделение не бидат доставени до крајот на ноември.

Тој рече дека според информациите што ги имаат, учебниците се доставени во поголемиот дел од основните училишта од градот Скопје и другите градови, а за онаму каде што не се, ќе побара анализа од службите за колку училишта станува збор.

„Постапките за учебниците по природни науки, математика и македонски јазик се завршени и треба да бидат доставени до основните училишта. Затоа дискусијата сега се води само за шесто одделение и ќе побарам детаљна анализа за кои училишта и региони станува збор“, рече Шаќири.

Според информациите на Министерството за образование, има училишта што ги добиле учебниците, но сè уште поради некои причини не ги доставиле кај децата, дополни министерот.

-Ако во одредено училиште нема сѐ уште, ќе побарам од моите служби и од Педагошката служба денеска да анализираат каде нема, иако не зборуваме за поголем дел училишта.

Сите учебници одобрени од Националната комисија за учебници се испечатени и се во достава, рече Шаќири, одговарајќи на новинарско прашање по отворањето на Саемот на студии во Франција.

 

Слични содржини