Шарлиз Терон сака улога во геј верзијата на „Умри машки“

од Stefanija Kuzmanovska

Филмот „Умри машки“ од 1988 година со Брус Вилис се смета за еден од најгледаните божиќни филмови, имајќи предвид дека дејството на овој акционен филм се случува за време на Божиќ. Оваа успешна франшиза доживеа уште четири продолженија, но еден обожавател на Твитер посака поинаква верзија, што и се допадна и на актерката Шарлиз Терон.

„Лезбејските божиќни романтични комедии се добри, но она што навистина би сакала е верзија на филмот „Умри машки“ во кој Шарлиз Терон се обидува да ја спаси својата сопруга“, напиша еден корисник на Твитер, чиј пост брзо стана вирален

Шарлиз го забележала објавувањето и покажала дека и се допаѓа идејата. Одговорот следеше.

„Каде треба да го потпишам договорот?“, се пошегува Терон.

Слични содржини