Шеф на Барса објави смешен износ за трансфери ова лето

од Vladimir Zorba

Потпретседателот на Барселона, Жорди Местре објави дека каталонците ќе располагаат со скромна сума од 60 милиони евра за нови засилувања во текот на летото.

Сумата е прилично незначителна, мислејќи на напумпаните цени во последно време, но сепак кон неа ќе се додадат и парите од евентуалната продажба на некои од достапните играчи на каталонците. Во јануари Барса се засили со трансферната цел – Филипе Кутињо, откако за него плати 160 милиони евра.

„Секоја сезона имаме иста сума за селекција. Таа е во износ од 60 милиони евра и кон неа ги додаваме сите приходи од продадени играчи. Така ќе биде и ова лето и тренерот ни е свесен за буџетот. Одделно, имаме и огромен процент трошоци за плати, но со ѕвездите со кои располагаме, нема како да поминеме поевтино. Нашата потрага е спортски успех со економски раст“, рече Местре.

Потсетуваме дека шпанскиот гигант потроши околу 300 милиони. Евра во последната сезона за нови засилувања, но и се раздели со Нејмар за сума од 222 милиони евра.

Слични содржини