Шефот на дипломатијата на Саудиска Арабија: Убиството на Кашоги е страшна грешка

од desk2

Министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, Адел ал Џубеир изјави дека убиството на новинарот Џамал Кашоги е страшна грешка и вети дека оние што се одговорни за убиството ќе бидат казнети.

– За жал, огромна и страшна грешка е направена и ве уверувам дека одговорните ќе бидат казнети, изјави Џубеир за Фокс Њуз. 

Откако негираше каква било вмешаност во исчезнувањето на Кашоги, кому се загуби секаква трага откако на 2 октомври влезе во саудискиот конзулат во Истанбул, Саудиска Арабија вчера објави дека тој бил убиен во тепачка, во таа зграда.

Подоцна, еден саудиски официјален претставник изјави дека Кашоги бил задавен.

Слични содржини