Шефот на германската дипломатија се наоѓа во карантин

од Nikola Popovski

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас се наоѓа во самоизолација, бидејќи еден од неговите телохранители бил позитивен на Ковид-19, изјавила портпаролката на неговото министерство.

Првиот тест за коронавирус е направен во средата и бил негативен, додала таа.

„Министерството за надворешни работи утврдува, во соработка со здравствените служби, дали други лица се заразени и какви мерки треба да се преземат“, соопштила портпаролката, додавајќи дека соодветните лица ќе бидат информирани наскоро.

Во понеделникот, Хајко Мас учествувал на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел, како и на неформалниот појадок со белоруската опозиционерка Светлана Тихановскаја.

Германската канцеларка Ангела Меркел исто така била во четиринаесетдневен карантин во нејзината куќа во март, при пикот на пандемијата, во согласност со законот, по контакт со лекар кој бил позитивен на коронавирус. Таа била тестирана за вирус, кој се покажал како негативен.

Слични содржини