Шефот на јапонската полиција поднесе оставка поради атентатот на поранешниот премиер Абе

од Stefanija Kuzmanovska

Со цел да преземе одговорност за атентатот на поранешниот премиер Шинзо Абе, шефот на јапонската полиција Итару Накамура најави дека ќе поднесе оставка.

Ова се случи откако беше објавен извештај за тоа како полицијата не успеала да го спаси животот на Абе. Во полицискиот извештај беа пронајдени дупки во полициската заштита на Абе кои му дозволиле на напаѓачот да пука во него одзади.

Накамура не кажа кога ќе биде службена неговата оставка.

Напаѓачот Тецуја Јамагами е уапсен на местото на настанот и се проценува неговата психичка состојба. Тоа ќе трае до крајот на ноември.

Слични содржини