Шефот на Вагнер ги советува борците „да не силуваат жени и да не пијат многу“ (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Шефот на платениците од групата Вагнер ја ослободи првата група руски затвореници кои ќе бидат помилувани по борбите во Украина, нудејќи им бизарен совет – „Не силувајте жени, не пијте премногу и не бидете добри“.

Затворениците беа регрутирани минатата година од Евгениј Пригожин, кој им понуди слобода од руските пеколни затвори во замена за приклучување кон руската инвазија на Украина.

Откако преживеаја шест месеци од војната на Путин, затворениците сега се ослободени, а Пригожин рече дека групата осуденици „треба да бидат третирани со најдлабока почит од општеството“.

Но, тој исто така им рекол: „Не пијте многу, не се дрогирајте, не силувајте жени, не бидете добри“.

Ова значи почеток на враќањето на осудените убијци, силувачи и разбојници на улиците на Русија со поништени казни.

Некои од мажите решија да продолжат да се борат за приватната војска на Вагнер, на која и се придружија откако беа ослободени од руските пеколни затвори за да учествуваат во војната во Украина.

Пригожин, познат како „готвачот на Путин“, беше виден на видеото како разговара со група мажи.

„Го исполнивте договорот. Работевте чесно, достоинствено“, рече Пригожин во видеото што го објави руската новинска агенција Риа Новости.

Пригожин додал дека мажите „треба да бидат третирани со најдлабока почит од општеството“ откако ќе ги завршат шестмесечните договори што им беа понудени за да ја добијат својата слобода.

Слични содржини