Шекеринска: ДУИ го бараше својот кандидат за премиер неколку пати, затоа што неколкумина ги одбија

од Nikola Popovski

„Имаме шанса да ги гледаме луѓето во оваа држава најпосле како личности, а не како беџови. ДУИ пред овие проблеми имаше проблем да најде тема и ова им беше таа. Кандидатот за премиер го бараа неколку пати затоа што неколкумина веќе ги одбија“, изјави Радмила Шекеринска во дебатата на ТВ 21.

„Граѓаните сакаат да премиер што ќе го видат и чујат претходно. Зоран Заев е политичар со највисока доверба и кај Македонците и Албанците и сите други етнички заедници. Ако зборуваме за етничката поддршка сите ќе треба со консензус да го поддржиме, ама тоа не се одлучува на партиски или дебатни емисии, туку на денот на изборите“, вели Шекеринска.

Таа дополни дека Изборната единица 5 е единствената ИЕ во која што функционираат три Национални парка, и дека нивната сериозна заложба ќе биде да ја продолжат инвестицијата во ваков туризам, и да ја продолжат инвестицијата се разбира во поддршка на домашните капацитети.

„Само во период на  Ковид кризата поддржавме 4.500 фирми во овој регион, подржавме околу 60 илјади граѓани со кредитни картички, со парите кон граѓаните и во ИЕ5 очекуваме навистина да се решат суштинските проблеми“, изјави Шекеринска.

Слични содржини