Шекеринска и Брнз присутни на Криволак на армиската вежба „Одлучен удар – 21“

Брифинг врзан за претстојните активности за реализацијата на вежбата „Одлученн удар – 21“, денес во армискиот полигон, „Криволак“, ги очекува министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, како и амбасадорката на САД во земјава, Кејт Брнз.

За потсетување, вежбата „Одлучен удар – 21“ ќе се реализира во периодот од 17.05 – 02.06.2021 година на армискиот пологон „Криволак“ и на неа предвидено е да учествуваат околу 2000 припадници од армиите на САД, Грција, Бугарија и од Република Северна Македонија.

До самото започнување на вежбата, од Армијата информираат дека ќе се реализираат повеќе инженериски активности односно уредување на полигонот Криволак кој ќе овозможи беспрекорно реализирање на вежбовните активности.

Слични содржини