Шекеринска: Не треба некој да ме замени во СДСМ, не дозволувам мојата сенка да ѝ влијае на Лукаревска во работата

од Nikola Popovski

„Ги мерам зборовите кога ги кажувам во јавноста и кога не сум сигурна, подобро ќе молчам, но сакам мојот збор да тежи“, вели министерката за одбрана и поранешната потпретседателка на СДСМ, Радмила Шекеринска за емисијата „Само интервју“, коментирајќи ја нејзината одлука за напуштање на партиските функции во владеачката партија.

Сшпред неа, таа прво сакала да соопшти во јавноста, за да сите бидат на чисто, дека ова не е обид за игра од нејзина страна.

„Кога ќе погледнам назад во претходните 8 сдсмовски години, можам да видам дека сум имала 2 големи цели и тие сме ги извршиле. Го срушивме режимот, а во вториот мандат е членството во НАТО. Мојата политичка задача во партијата е заокружена“, вели Шекеринска и додава дека не мисли дека неа треба некој да ја замени во СДСМ.

„Сања Лукаревска треба да биде добар заменик-претседател на СДСМ, на начин кој одговара на нејзиниот профил, знаење и искуство. Ѝ посакувам добро и не дозволувам мојата сенка да ѝ влијае во работата. Сите ние имаме право на добар почеток“, смета Шекеринска.

Слични содржини