Шекеринска: Никој во ДУИ не навива и не работи за Зибери да биде премиер

од Nikola Popovski

„Секој пат кога ќе видите човек кој ја вади етничката карта во кампања, да знаете дека тој ништо друго нема што да ви понуди. Ги нудат рециклираните национализми и со тоа апла соопштуваат дека нема што друго да понудат. Дали тоа е од што се заситени од практикување на власта или од многу кампањи не знам. Граѓаните очекуваат нешто различно“, изјави Радмила Шекеринска во емисијата „Само вистина“.

„Еве и сега гледате 10 минути од дебатава зборуваме за тема која не постои. ДУИ пушти петарда и ние сега треба да го гледаме чадот и да не гледаме тој е бессуштински. Никој во ДУИ не работи и навива Зибери да биде премиер. Ова им е нив само пополнување на времето во нивната кампања. После овие избори, премиер ќе биде Зоран Заев, кој зборува македонски јазик и кој е Македонец и кој има силна поддршка и кај Македонците и кај Албанците и кај Турците итн“, рече Шекеринска, одговарајќи на прашање поврзано со капмањата на ДУИ за премиер Албанец.

 

Слични содржини