Шекеринска за сликата со симбол на УЧК: Иконографиите не се репер за добро управување, служењето на граѓаните е репер

од Vladimir Zorba

„Дејствијата од 2001 се далеку зад нас. Нашето општество ја надмина воената криза на демократски и траен начин, за што сведочиме денес, 19 години подоцна, кога сме членка на НАТО“, одговори министерката за одбрана, Радмила Шекеринска на бројните реакции во јавноста по излегувањето на фотографија, на која вицепремиерката и градоначалникот на општина Кичево, Фатмир Дехари позираат пред симбол на УЧК поставен во неговата канцеларија.

Фотографијата е направена за време на посетата на министерката на општината Кичево каде што со градоначалникот Дехари тема на разговор била состојбата со Ковид-19.

„Во 2020 година најважно е дали политичарите им служат на граѓаните. Иконографиите не се репер за добро управување, служењето на граѓаните е репер“, додава таа.

Слични содржини