Шилегов: 3 екипи пожарникари од Скопје се упатија кон Пехчево и Делчево

од Nikola Popovski

Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов инфомира дека пожарникарски возила од Скопје се упатени кон пожарот што беснее во пехчевскиот регион.

-3 екипи пожарникари со 3 возила на Противпожарната бригада на Град Скопје, придружувани со 3 цистерни со вода од јавните градски претпријатија, се упатија кон Пехчево и Делчево да помогнат во гаснењето на пожарите. Солидарноста на дело, потенцира Шилегов.

Поради пожарите со кои се опфатени пехчевските села Мачево, Робово и Умлена од полицијата попладнево информираа дека регионалниот пат Делчево – Пехчево е забранет за сообраќај.

Како што соопштија, сообраќајот се одвива преку алтернативните патни правци Пехчево – Смојмирово – Бигла – Делчево и обратно.

Слични содржини