Шилегов: Добро утро Скопје ова е твојот нов булевар АСНОМ

од Берта Китинска

Градоначалникот Петре Шилегов на својот Фејсбук профил утрово објави фотографии од булеварот АСНОМ во општина Аеродром кој од денеска ќе биде отворен за сообраќај.

„Добро утро Скопје. Ова е твојот нов булевар АСНОМ“, напиша Шилегов на Фејсбук.

Град Скопје викендов ја заврши првата фаза од реконструкцијата на овој булевар на потегот од крстосницата со улица Васко Карангелевски до крстосницата со булевар Србија кај мостот Близнак.

Булеварот АСНОМ сега има по три коловозни ленти во двете насоки, пешачки и велосипедски патеки од двете страни на булеварот и средишно зеленило.

По завршувањето на оваа фаза, булеварот преку новиот мост, којшто е веќе во изградба, треба да се поврзе со населбата Ќерамидница во општина Гази Баба, а оттука и Аеродром ќе добие нова сообраќајна релација кон Центар кај поранешен Скопски саем.

Публикувахте от Петре Шилегов в Понеделник, 25 май 2020 г.

 

Слични содржини