Шилегов: Најпосакувано решение за Универзална е реставрација

од Берта Китинска

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, на денешниот брифинг истакна дека има три опции за решение за  Универзалната сала.

„Нема донесено конечна одлука за Универзалната сала. Првата опција е изградба на нова Универзална сала на постојната локација, втората е изградба на нова локација, и третата реконструкција. Мое мислење е дека најпосакувано решение за Универзална е реставрација, целосно обновување на салата, како и изградба на нова сала на нова локација, изјави Шилегов.

Градоначалникот на Скопје смета дека за Универзалната сала треба да има референдум на кои граѓаните ќе одлучат што ќе се прави.

Слични содржини