Шилегов: Новите имиња на улиците прво ќе излезат во Службен весник, а потоа ќе стапат во сила

од Берта Китинска

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов истакан дека промената на имињата на улиците треба да се спроведе согласно одлуките донесени на вчерашната седница на Советот на Град Скопје.

-Прво треба да излезат во Службениот гласник на Градот, а потоа стапуваат во сила и ќе започнеме да ги решаваме тие проблеми. Во однос на реакција на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ за наводни законски грешки и судски пат, Законот во член 8 предвидува две ситуации во кои што не можете да користите таква одлука, а тоа е најмалку шест месеци пред закажани избори и спроведување на попис, посочи тој.

Слични содржини