Шилегов: Ослободени пешачката и велосипедската патека кои беа непроодни поради изградбата на „Панорамско тркало“

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов попладнево се огласи на својот фејсбук профил на кој посочи дека конечно делницата кај кејот на Вардар каде се градеше „Панорамското тркало“ е ослободена за граѓаните и можат да ја користат.
Потегот на кејот на Вардар што скоро 8 години не беше прооден за пешаци и за велосипедисти поради градежните работи и натрупаниот градежен материјал поради изградбата на „Панорамското тркало“, е пробиен и реконструиран.
Оваа делница од кејот е конечно ослободена и граѓаните може непречено да ја користат обновената пешачко велосипедска патека на овој потег на кејот на Вардар.

Слични содржини