Шилегов: Стационарот за бездомни животни е готов, отворање после избори (ФОТО)

од Берта Китинска

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, објави фотографии од новиот стационар за вдомување кучиња скитници  „Лајка“.

„Отворање после избори, Скопје нема да застане“, напиша Шилегов на фејсбук.

Стационарот „Лајка“  има нови ѕидани 100 апартмани за кучиња со подно греење и со вентилација.

Дополнително максимално е искористен и надворешниот дел од објектот и ќе има 60 нови боксови за поголеми раси на кучиња кои ќе имаат пристап до новиот парк.

Слични содржини