Шмихал: Војната ја чини Украина околу 54 милијарди долари годишно

од Stefanija Kuzmanovska

Поддршката на украинските вооружени сили и спротивставувањето на руската агресија ја чини Украина околу 54 милијарди долари годишно, изјави денеска украинскиот премиер Денис Шмихал на конференцијата на украинските амбасадори.

„Поддршката на вооружените сили и војната ја чинат Украина околу 54 милијарди долари годишно. Тоа е повеќе од приходот во мирнодопскиот буџет“, рекол Шмихал, пренесува „Укринформ“.

Според него, државата во моментов преживува благодарение на финансиската поддршка од партнерите, како и грантови и заеми.

Слични содржини