Шок на Максимир: Шкупи извади поволен резултат против Динамо

од Nikola Popovski

Фудбалерите на македонскиот шампион Шкупи направија големо изненадување со ремито 2:2 во Загреб против хрватскиот шампион Динамо во 2.коло од квалификациите за Лигата на шампионите.

Натпреварот се одолговлекуваше и траеше 97 минути поради големите прекини, а финишот беше крајно возбудлив, па во рок од само три минути беа забележани два гола, вториот за израмнување на избраниците на Гоце Седлоски беше шокантен за „Модрите“, кои и покрај овој исход остануваат фаворити за да поминат во наредната фаза.

Стрелци на головите за домашните беа Адеми во 44. минута и Петковиќ во 86. а за Шкупи Бразилецот Куевен во 25. минута и Јамајканецот Кефас во 89. за молк на „Максимир“.

Реваншот е закажан за седум дена во Скопје.

Слични содржини