Шолц паднал додека трчал, се здобил со модрици на лицето

од Stefanija Kuzmanovska

Германскиот канцелар Олаф Шолц паднал додека трчал и се здобил со модрици на лицето, поради што ги откажал состаноците планирани за овој викенд, соопшти германската влада.

Владата соопшти дека 65-годишниот германски лидер доживеал „помала спортска несреќа“ и ги откажал состаноците закажани за недела во регионот Хесен, каде што се одржуваат локалните избори на 10 октомври.

Во профилот на веб-страницата на неговата партија, Шолц напиша дека го мразел спортот додека бил на училиште, но дека го засакал под влијание на неговата сопруга Брита Ернст.

„Денес трчам колку почесто можам“, навел тој на веб-страницата, а во истиот дел се наведува дека се труди да најде време за трчање, веслање или пешачење два или три пати неделно, како и ужива во возење велосипед.

Слични содржини