Шолц пристигна во Кина: Морам да ги предупредам, ова е преседан

од Симе Стоиков

Германскиот канцелар Олаф Шолц, кој вчера пристигна во тридневна посета на Кина, изјави дека во следните разговори ќе го предупреди кинескиот претседател Си Џинпинг да не и дава воена поддршка на Русија.

Тој истакна дека ќе посочи дека „Русија води освојувачка војна против Украина и инсистира никој да не ѝ помогне да успее“.

„Затоа ги повикуваме сите да не ги заобиколуваат санкциите… и затоа повикуваме да не се доставува оружје“, додаде Шолц. Тоа важи и за стоката што може да се користи и за цивилни и за воени цели, нагласи тој.

Кина се смета за најважен сојузник на Русија и е осомничена дека испорачува таква стока. Шолц утре во Пекинг ќе се сретне со Си Џинпинг и со премиерот Ли Џијанг.

Војната на Русија против Украина не е само европско прашање, нагласи Шолц.

„Ако ова претставува преседан, тоа е закана за мирот и безбедноста насекаде на планетата“, рече тој.

Слични содржини