Шолц: НАТО ќе испраќа оружје во Украина се додека е потребно

од Stefanija Kuzmanovska

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави денеска во Мадрид дека сојузниците од НАТО ќе продолжат да ѝ снабдуваат оружје на Украина колку што е потребно.

„Добро е што земјите собрани овде, како и многу други, даваат свој придонес за Украина да може да се одбрани, со обезбедување финансиски средства, хуманитарна помош, но и со обезбедување оружје што итно ѝ е потребно на Украина“, рече Шолц на Самитот на НАТО во Мадрид.

Германскиот канцелар рече дека пораката на НАТО е дека ќе продолжи да испорачува оружје и тоа интензивно, се додека е потребно да ѝ се овозможи на Украина да се брани.

Слични содржини