ШОУ на Медведев: Види што направи, ти се смее човекот (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот тенисер Данил Медведев направи шоу во Канада.

Медведев го совлада Александар Бублик со 2-1 (4: 6, 6: 3, 6: 4) во првиот натпревар на Мастерсот во Торонто.

Тоа беше исклучителен натпревар, каде Медведев повторно блескаше и за време на паузите и за време на поените.

Отпрвин, тој беше лут што судијата не му дозволи да оди да се пресоблече, бидејќи сакаше да ја смени долната облека.

Тој рече дека нема проблем и дека не се срами да се соблече пред сите и да го смени она што му треба, но дека му е глупо. Тој не го истера своето до крај и не отиде среде сетот за да се пресоблече.

После тоа, тој беше лишен од поен бидејќи зборуваше за време на истиот.

Тој го погоди Бублик по еден од смечовите, па му се извини додека поенот се уште траеше, а судијата му го одзеде тој поен.

„Можеш ли да го замислиш ова? Ја имав топката на рекетот, за смеч. Ти немаше што да удриш. Можеш ли да замислиш колку е глупаво тоа што таа го направи?“, му рече Медведев на Бублик, кој почна да се смее.

Потоа му рече на судијата: „Погледнете што направивте, човекот ви се смее. Ова ќе се емитува на Тенис ТВ“, рече Медведев. И беше во право…

Слични содржини