Шпанија: Измерен апсолутен температурен рекорд – 47,4 степени

од Vladimir Zorba

Топлотниот бран што ја погоди Шпанија во саботата резултираше со соборување на апсолутниот температурен рекорд во оваа земја, со 47,4 степени Целзиусови измерени во градот Монтор во јужната провинција Кордоба, објави во неделата државната метеоролошка агенција (АЕМЕТ).

„Ова е највисоката температура досега регистрирана во Шпанија“, рече портпаролот на АЕМЕТ, Рубен дел Кампо, истакнувајќи дека ова се привремени податоци, кои ќе бидат потврдени следната недела.

Температурата забележана во саботата во 17 часот по локално време е повисока од претходниот рекорд забележан на истото место на 13 јули 2017 година.

Набргу потоа, 46,9 степени беа регистрирани на аеродромот во Кордоба, пренесе „АФП“.

Слични содржини