СДСМ и Владата се единствени во ставот за решавање за името. И поранешниот претседател на државата, Бранко Црвенковски  како и на мојата партија е за НАТО и ЕУ и за наоѓање решенија,  за неговото вклучување во процесот мислам дека се шпекулации рече премиерот Зоран Заев на вечерашната дебата во „Топ тема“. 

За себе кажа  дека секогаш јавно го кажува својот став, а тоа ќе го стори и пред евентуалниот референдум ако се дефинира решение. Изрази очекување дека претседателот Иванов нема да го спречи целиот процес.

– Верувам дека Иванов и мисли добро на Македонија и дека нема да дозволи да и даде причина на Грција да не прати писмо до ЕУ и НАТО, потенцира премиерот.

Според него, Македонија пред себе има сериозен предизвик. Одлуки мора да се носат за земјава конечно да се впише во катастарот на нормални држави.

– Ова е историска шанса. Македонија треба да ја ставиме на автопатот, да тргне, да оди напред, да ја впишеме во катастрот на нормални земји, подвлече Заев и повтори дека без решавање на прашањето за името нема перспектива во евроинтерациските процеси.

Можно е, додаде, да заврши неговата политичка кариера, но и покрај тоа тој ќе го соопшти својот став за евентуално постигнатиот договор по што ќе следува реферндум.

– Прашањето е пресериозно. Со одлуките како лидер и шеф на владејачката коалциија најголема е одговорноста кај мене и не бегам од тоа. Прв ќе го соопштам мојот став, а граѓаните ќе се изјаснат на референдум, потенцира претседателот на Владата.

Според него, предвремени избори не се планираат и покрај предлогот на опозицијата. Подобро е рече Заев, да се оди на редовни избори. – Убеден сум дека ќе победиме на предвремени избори, но Македонија ќе изгуби, рече премиерот.

Слични содржини