Што ќе се случи со вашето тело ако јадете по едно јајце секој ден?

од Vladimir Zorba

Варени, „на око“ или кајгана, јајцата се омилена храна на нашите простори. Покрај тоа што најлесно е да се зголеми дневниот внес на протеини со конзумирање на јајца, тие позитивно влијаат и на здравјето, бидејќи се полни со амино киселини и здрави масти.

Жолчките од јајце долго време се „на обвинителна клупа“ поради холестеролот, но научниците сега се фокусираат на холинот, хранлива состојка која го штити црниот дроб и може да помогне во спречување на Алцхајмерова болест.

Ако јадете по едно јајце секој ден, ова се здравствените придобивки што можете да ги очекувате.

1. Губење на масни наслаги

Ако сакате да ослабете, јајце за појадок е добар избор, особено со салата од свеж зеленчук. Ова го докажа студијата објавена во International Journal of Obesity. Два месеци, една група на луѓе јадела две јајца за појадок, а друга – пецива кои содржеле иста количина на калории.

Луѓето кои јаделе јајца полесно ги губат мастите и побрзо добивале потенок струк.

2. Намалување на нивото на воспаление

Јајцата се важен извор на фосфолипиди, биоактивни соединенија кои позитивно влијаат на воспалението. Истражувачите го поврзуваат внесот на фосфолипиди од јајцата и холинот со намалување на воспалителните биомаркери.

Намалувањето на воспалението го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести, но ја подобрува и способноста на телото да ги разградува мастите.

3. Го намалува ризикот од срцеви заболувања

Еден начин да го подигнете нивото на таканаречениот добар холестерол е јајцата да бидат составен дел од вашата исхрана. Луѓето кои имаат повисоко ниво на добар холестерол имаат помал ризик од срцеви заболувања и мозочен удар.

4. Гради мускули

Кога вежбате, на вашето тело му требаат протеини кои ќе го хранат мускулното ткиво по напор. Јајцата се одлична закуска или оброк после тренинг.

5. Зајакнување на имунолошкиот систем

Едно големо јајце содржи четвртина од дневните потреби за селен, минерал кој му помага на нашиот имунолошки систем и ги регулира тироидните хормони.

6. Го зголемува нивото на енергија

Големото пржено јајце содржи 18 проценти од препорачаниот дневен внес на витамин Б2, еден од осумте витамини од Б-комплексот, кои му помагаат на телото да ја претвори храната во енергија.

7. Подобар изглед на кожата и косата

Витамините од Б-комплексот се неопходни за здрава коса, кожа, очи и црн дроб. Освен што содржат витамин Б2, јајцата содржат и витамини Б5 и Б12, кои се одговорни за правилното функционирање на нервниот систем.

8. Заштита на мозокот

Нутриционистите често велат дека јајцата се храна за мозокот, пред се благодарение на холинот. Тој е составен дел на клеточните мембрани и е потребен за синтеза на ацетилхолин. Истражувањата покажуваат дека недостатокот на холин е поврзан со невролошки нарушувања и намалена когнитивна функција.

Дополнителна придобивка за здравјето на мозокот се припишува на омега-3 масните киселини, кои ги има и во јајцата. Омега-3 масните киселини помагаат во спречување на срцеви заболувања, артритис и остеопороза.

9. Зајакнување на ноктите

Јајцата се одличен извор на биотин, кој помага во зајакнувањето на ноктите. Ако вашите нокти се лупат или лесно се пукаат, вклучете јајца во вашата секојдневна исхрана. Благодарение на биотинот, чија најголема концентрација е во жолчката, ноктите наскоро ќе станат поцврсти.

10. Подобра реакција на стресот

Ако ви недостигаат деветте амино киселини кои се наоѓаат во протеинот од јајца, тоа може негативно да влијае на вашиот одговор на стресот. Клучната супстанција е лизин, есенцијална амино киселина која нашето тело не е во состојба да ја произведе и мора да ја внесеме преку храната. Лизинот има позитивен ефект врз намалувањето на нивото на стрес и анксиозност.

Јајцата се еден од најдобрите извори на лизин. Според експертите на Светската здравствена организација, дневните потреби за лизин се 30 микрограми на килограм. Така, за човек со тежина од 70 килограми, внесувањето на едно јајце дневно би обезбедило 22 отсто од дневните потреби за лизин.

Слични содржини