Што најмногу Русите пребарувале на Гугл кога слушнале дека е можна мобилизација?

од Nikola Popovski

Обраќањето на претседателот Владимир Путин до нацијата се очекуваше цела вечер, се стравуваше дека тој може да објави општа мобилизација, но на крајот ништо не се случи. Говорот беше одложен за денес наутро.

Но, во вторникот вечерта, интернет-врските во Русија очигледно се „запалија“ бидејќи руските граѓани почнаа масовно да пребаруваат на Гугл како да ја напуштат земјата.

Индексот на прашања на Гугл за фразата „Како да заминете од Русија“ достигна свој максимум во вторникот.

Според податоците на „Google Trends“, барањата достигнале врв во 18:00 часот. Не многу пред тоа се појавија информации за обраќањето на Путин и министерот за одбрана Сергеј Шојгу.

Жителите на областа Хабаровск на далечниот исток на Русија, која граничи со Кина, биле најзаинтересирани за прашањето на емиграција.

Во вторникот е забележан максимумот на прашања на тема мобилизација, но е помал отколку во мај, пишува „Јутарњи лист“.

За оваа тема најактивно се интересирале жителите на регионот Белгород, во близина на украинската граница.

Исто така, Русите почнаа да пребаруваат на Гугл околу темата за служење воен рок. Максимумот на пребарувања бил во 13 часот по првите извештаи за мобилизација.

Слични содржини