Отокот на нозете и глуждовите е проблем од кој страдаме не само во летните месеци, кога е топло. Недоволниот внес на вода и здрави течности, неправилната исхрана, имобилизацијата, бременоста, прекумерната тежина, се само дел од причините за нозете ви да отекуваат. Споделуваме неколку природни методи кои можат да ви помогнат.9c28b94dc4828962627294fea7b5b0d1

Пробајте со магнезиумска исхрана
Недостатокот на магнезиум може да придонесе за формирање на едем во екстремитетите. Размислете дали да го придружите дневниот режим и исхраната збогатена со магнезиум. Специјалистите препорачуваат на ден да се зема по 350 мг магнезиум. Ако сте бремена, овој прием треба да биде благо зголемен, но добро е да се консултирате со матичниот лекар.5d7b13693b34ec9845b4c0275a1b6e1d

Јога
Вежбите можат да ви помогнат да ја подобрите циркулацијата. Ако не сте љубител на салите за гимнастика и фитнес, пробајте со јога. Ова е одлична практика од вежби, која може да помогне на циркулаторниот систем.

Топла бања
Знаеме дека облогите на нозете со млака или ладна вода може да помогне во намалување на отокот. Топлата бања исто така има корисен ефект. За да се извлече максимална корист од неа, додавајте кон водата и неколку капки етерично масло од грејпфрут.aa7e42cc7d9fced8abdb065da4a73240
Ако немате када, направете си микс од масло од грејпфрут со бадемово масло или малку маслиново масло и масирајте ги нозете. Важно е кога правите масажа, движењата да бидат од глуждовите нагоре, а не во спротивна насока.

Пливање
Пливањето има голем број здравствени придобивки и е една од физичките активности, која може да ви помогне да го намалите отокот на нозете. Кога пливате, циркулаторниот систем си “почива” од постојаната гравитација и тоа помага за регулирање на отокот.

Слични содржини