Што прави Меган во Ванкувер додека чека Хари да пристигне?

од Elena Daskalova

По повлекувањето од кралските должности, Меган Маркл замина во Канада, каде живееше пред да се сврши со принцот Хари.

Тој остана во Велика Британија да ја разтеши ситуацијата која настана, а Меган за тоа време навистина умее да си го пополни времето, дел со разонода, дел со хуманитарна работа.

Неодамна таа беше снимена како оди во шопинг, но потоа заминала некаде од каде, веројатно, ја почнува нејзината самостојна и независна работа, за помош на жените од прифатните женски центри.

Пред сè, најзабележителен бил нејзиниот лежерен стил, ослободен од кралскиот кодекс. Потоа, се сретнала со раководителите и жените од прифатниот женски центар Даунтаун Истсајд во Ванкувер, со што и официјално е означен почетокот на нејзините вонкралски ангажмани.

Слични содржини