Шумахер: Хамилтон е најголемиот губитник оваа сезона

од Vladimir Zorba

Поранешниот Формула 1 возач, Ралф Шумахер го критикуваше седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон за неговите перформанси оваа сезона.

-Луис Хамилтон е најголемиот губитник оваа сезона – изјави Ралф за Sky Sports. – Џорџ Расел е нов возач во тимот, но тој веќе го победи Луис во повеќето трки и квалификации. Тото Волф го опиша Луис како најголемиот возач во историјата на Формула 1, но тој загуби од својот помлад тимски колега.

И тоа беше само почеток на остриот коментар на Ралф.

„Постојат две објаснувања за тоа што му се случува на Луис. Првата е дека Расел е неверојатно добар возач, а втората е дека Хамилтон победи во изминатите сезони благодарение на неговиот болид, кој ги надминуваше сите останати“.

Шумахер не ги игнорираше поплаките на Хамилтон за скокањето на болидот.

„Луис постојано се жали на скокањето на болидот, но Расел го вози истиот болид и изгледа многу посвежо по трката. За почеток, Луис мора прво да го победи својот тимски колега, а потоа да се справи со проблемите на болидот на Мерцедес. Жал ми е за Луис за болките во грбот, но како другите пилоти се справуваат со тоа?“, праша Ралф.

Слични содржини