Шутаров: Зоолошката претворена во кланица – ова се случува кога ВМРО-ДПМНЕ ќе преземе јавно претпријатие

од Nikola Popovski

Масакарот на десетици животни во скопската Зоолошка градина е последниот доказ за тоа што се случува со јавните претпријатија и установи кога се раководени од кадри на ВМРО-ДПМНЕ. Со свирепото колење на животни во Зоолошка градина, директорот поставен од Мицкоски и Данела Арсовска прекршил четири закони и за тоа треба кривично да одговара, побара Гордан Шутаров, советник во Советот на Град Скопје од редовите на СДСМ.

Тој додава дека за само осум месеци, Кристијан Стаменов е четвртиот директор кој е разрешен од страна на новата градска администрација и трет кој е на предлог на ВМРО-ДПМНЕ.

-Во буџетот на Град Скопје за 2021 година беа исплатени околу седум милиони денари, додека за оваа година,2022 за Зоолошката градина се предвидени само 2.5 милиони денари. Дали уште при креирање на буџетот Градот предвидел Зоолошка да стане кланица и недостатокот на средства за нормалното функционирање да го компензира преку колење животни внатре во градината? Дали во последните месеци и претходно имало вакви случаи и инциденти?, прашува Шутаров.

Кривично ќе се гонат пет лица и разрешениот директор на установата. Стаменов тврди дека коњите претходно биле мачени, а поради нивната состојбата тие не можеле да се излечат и биле пред умирање. Ова било главен мотив за Зоолошка да одлучи тие да бидат заклани, а лавовите да го јадат месото од нив.

Слични содржини