Си Џинпинг по трет пат избран за претседател на Кина

од Stefanija Kuzmanovska

Си Џинпинг денеска беше едногласно избран за претседател на Народна Република Кина и за претседател на Централниот воен совет на Кина на тековниот 14-ти Национален народен конгрес, пренесува „Ксинхуа“.

Тоа е негов трет петгодишен мандат и тој е единствениот претседател на Кина кој е избран по трет пат, додава кинеската агенција.

Си Џинпинг се заколна дека ќе го почитува Уставот на Кина.

Слични содржини