Сијарто: Мигрантите ќе ја „преплават“ ЕУ ако не воведе програми за развој на Африка

од Vladimir Zorba

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска изјави дека Европската унија ќе биде „преплавена“ од мигранти доколку не излезе со нови програми за развој на Африка.

„Ако ЕУ продолжи да ги поттикнува луѓето да се преселат во Европа, наместо да воведува развојни програми во Афика, таа ќе биде преплавена со мигранти и ќе се соочи со непредвидливи безбедносни предизвици“, рече Сијарто на заедничката конференција со министерот за надворешни работи на Сиера Леоне, Муса Тимоти Каба.

По состанокот на економскиот комитет на двете земји, Сијарто изјави дека африканското население се предвидува да се зголеми за 750 милиони во следните 20 години.

Слични содржини