Сијарто: Русија не се заканува дека ќе ги нападне земјите од ЕУ и НАТО

од Vladimir Zorba

Унгарскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија, Петер Сијарто изјави дека не гледа дека Русија се заканува со напад на некоја од земјите-членки на ЕУ и НАТО.

„Не мислам дека Русија би нападнала која било земја на НАТО. затоа што НАТО е најсилниот сојуз на полето на одбраната и безбедноста во светот“, изјави Сијарто во интервју за францускиот ТВ канал LCI, објавено на Фејсбук, пренесува РИА.

Сијарто потсети на членот 5 од договорот за НАТО, според кој нападот врз една од земјите на Алијансата треба да се гледа како напад врз целата алијанса.

Слични содржини