Кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска ги повика нејзините подржувачи да си направат самослик/селфи како потврда дека го дале својот потпис за нејзината кандидатура и на тој начин  да ги поттикнат и  останатите. Таа бара објавување на таа фотографија заедно со хаштаг.

-Од денес, па во наредните две недели, ќе се одвива постапката за собирање потписи за мојата претседателска кандидатура и тоа во локалните канцеларии на ДИК во вашите места на живеење. Секој ваш потпис ќе значи огромна поддршка и поттик не само за мене лично, туку и за сите наши сограѓани овој процес ќе биде знак дека сме обединети околу заедничката: сите за Македонија, рече Силјановска.

Слични содржини