Силна експлозија: Русите наполнија тенк со експлозив и го насочија кон Украинците (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Руските сили наполнија тенк со експлозив во близина на Маринка во областа Доњецк во југоисточна Украина и го насочија кон украинските позиции, потег наречен „тенк самоубиец“. Се претпоставува дека се работи за тенк Т-54 или Т-55 стар 70 години.

Сепак, тенкот не стигнал многу далеку бидејќи изгледа дека погодил мина, а потоа беше погоден од украински противтенковски проектил, по што тенкот исчезна во облак од чад и остатоци.

„Форбс“ пишува дека овој тип на напад со импровизирана експлозивна направа врз возило укажува на растечкиот очај на руските сили, 16 месеци откако Русија изврши инвазија на соседна Украина. Во борбите беа ранети или убиени десетици илјади руски војници.

Слични содржини