Ураганот Јанос стигна до Грција. Најновите прогностички модели покажуваат дека овој исклучително редок ураган може да биде најсилниот во историјата на овие простори.
Се очекуваат огромни количини на дожд, поплави и ветрови со над 200 километри на час. Во Грција е издадено предупредување на високо ниво, а жителите се повикани да се засолнат на сигурно.
Грчките власти предупредија дека Јанос ќе биде придружуван од силен ветер и дожд што може да доведе до поплави и прекин на електричната енергија во следните два дена.
„Влијанието на Јанос, мора да бидеме јасни, ќе биде слично на другите бури, но посилно по интензитет, опсег и времетраење“, најави заменик министерот за цивилна заштита, Никос Хардалиас.
Владиниот портпарол Стелиос Пецас, пак, рече дека интензитетот и траекторијата на ураганот не можат точно да се предвидат, пренесува „Индекс“.