Симовски: Не се заморувам со бројката на бојкотирачите, бзначајна е

од Берта Китинска

ДЗС нема обврска да презема мерки кон лицата кои го бојкотираа пописот, вели директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.

Таквите случаи според него, веќе се процесуирани, а мерките треба да се преземат од страна на други институции.

„Јас не ја знам и не се заморувам со таа бројка. Бзначајна е, ниту нешто ни поремети, ниту нешто ќе значи на крајот со конечните резултати“, потенцираше Симовки одговарајќи на новинарско прашање колкав број граѓани бојкотирале.

Симовски истакна дека првите резултати од пописот ќе бидат готови за 6 месеци односно во месец март.

Слични содржини