Сити форсира преговори со Халанд

од Vladimir Zorba

Англискиот клуб Манчестер Сити активно работи на обновување на договорот на својата голема ѕвезда Ерлинг Халанд и ќе се обиде да го спроведе што е можно поскоро поради информациите кои го поврзуваат фудбалерот со трансфер во Реал Мадрид.

Напаѓачот се уште е заинтересиран за потенцијален трансфер во шпанскиот гигант во одреден момент од неговата кариера. Советниците на Халанд, сепак, не ја гледаат моменталната ситуација како особено поволна поради сомневањата дали Реал Мадрид може да ги исплати платите и бонусите и на Килијан Мбапе и на норвешкиот интернационалец, пишува весникот „Марка“.

Ова укажува на причината зошто опкружувањето на Ерлинг претпочита да го чека развојот на ситуацијата со Мбапе.

Желбата на Манчестер Сити е да го врзе напаѓачот со долгорочен договор, како и да му ја зголеми платата. Нејасно е дали ќе биде задржана неговата клаузула за ослободување за клубови кои не се во Премиер лигата.

Слични содржини