Дали партнерот ќе ви набие рогови? Веројатно сте си го поставиле ова прашање десетици пати со причина и без. Научниците открија дека одговорот лежи не само во вашите односи, туку и во неговото семејство.39334232e54d6a0179a2a18abe7e1fdd

Ново истражување на Универзитетот во Тексас тврди дека склоноста кон неверство се пренесува генетски. Мажи и жени, чии родители се изневерувале, се доста повеќе склони да го сторат истото, убеден е авторот на студијата Дана Вајзер.

Други научници откриле дека човек може да наследи од своите родители специфични допамински рецептори кои го поттикнуваат да копнее за неколку партнери. Се разбира, семејството влијае и на друг начин на перцепцијата на човек за врските. Ако тој немал позитивен пример на моногамија, одговорност, почит и не е научен да го цени бракот и семејството како целина, тогаш не очекувајте да ви биде верен.

И сепак има и исклучоци, бидејќи човек сам си ја кова својата судбина и прави одлуки. Дури и да е “израснат” со некои чудни сфаќања и опкружен со полигамија, вашиот партнер може да се покаже моногамен. На крајот, најважно е какви се вашите односи и дали тој е среќен и се чувствува удобно со вас.

Слични содржини