Скок на глобалната цена на пченицата по забраната за извоз во Индија

од Vladimir Zorba

Цената на пченицата на меѓународните пазари скокна и достигна рекордно ниво во последните два месеци откако Индија, како втор најголем светски производител, го забрани нејзиниот извоз.

Цените на пченицата на светските берзи годинава се зголемени за околу 60 отсто, што ги поскапи сите производи од брашно, од леб до јуфки, јави Би-Би-Си.

Индија е втор по големина производител на пченица во светот, но претходно не беше голем извозник бидејќи најголем дел од земјоделските култури се продаваа на домашниот пазар.

Слични содржини