Скопјанец осомничен за убиство на својата баба, одреден му е 30-дневен притвор

од Vladimir Zorba

Основното јавно обвинителство Скопје денеска соопшти дека е донесена наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело убиство.

Како што информира ОЈО Скопје на 18 јануари во семејниот дом во Ново Лисиче, при вршење семејно насилство, осомничениот со умисла ја лишил од живот својата баба. Според првичните сознанија, тој ја нападнал удирајќи ја по главата и вратот, а потоа ја задушил.

На осомничениот му е одреден 30-дневен притвор постои опасност тој да се даде во бегство, да влијае врз сведоците и вештаците или да изврши друго убиство.

Слични содржини