Скопјанец фалсификувал дозвола за движење за него и за вработен

од Берта Китинска

СВР Скопје поднесе кривична пријава против О.И.(25) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ и „фалсификување службена исправа“.

На 22.04.2020 во 21.00 часот, пред хотел на бул.„Александар Македонски“ во Скопје, за време на забрана за движење, пријавениот заедно со вработениот О.И., со патничко возило „ауди А5“, при контрола од полициски службеници за поседување на „дозвола за движење на вработен поради вршење на сменска и ноќна работа“, ги приложиле лажно изработените дозволи.

На 13.04.2020 пријавениот, како овластено лице-управител во фирмата, во име на правното лице, изготвил и со свој потпис и печат на правното лице, заверил дозвола на свое име, во која внел невистинити податоци дека наводно бил вработен на работно место „комерцијалист“ и изготвил иста таква дозвола на име на вработениот О.И. на работно место „продавач“, во која внел невистинити податоци дека наводно бил вработен на работно место „обезбедување“, со кои дозволи на себе и на вработениот дозволил движење за време на забрана за движење.

Слични содржини