Скопјани се жалат на млаки радијатори

од Берта Китинска

Продолжуваат реакциите на граѓани од повеќе населби во Скопје дека парно греењето е редуцирано временски, а радијаторите во становите се млаки.

Скопјани од овој месец ќе плаќаат за 14.05 отсто повисока цена за парно греење.Граѓаните кои ги користат услугите на БЕГ – снабдување се жалат дека парното наместо во 6 часот наутри се пушта дури после 7, а дека во текот на денот радијаторите не се топли како порано. Незадоволни реакции стигнуваат од жители на Карпош, Центар, Аеродром, Бутел, Капиштец, Скопје Север, Топаанско поле.

ЕСМ Енергетика, третиот снабдувач во Скопје со околу над 3.500 домаќинства, училишта и деловни објекти, соопшти дека испораката на топлинска енергија е континуирана и се врши согласно мрежните правила.

Засега нема најави за финансиска помош од Владата, Град Скопје или Општина Чаир за нормализирање на состојбата и набавка на гас за топланата Скопје Север.

Од Регулаторната комисија кои вчера ги повикаа граѓаните да поднесат приговори до нив доколку се соочуваат со проблеми со парното греење, велат дека до нив секојдневно пристугнуваат и се обработуваат пријави од граѓани, но и тие повеќе детали најавија за во текот на утрешниот ден.

Слични содржини