Скопјанка била следена од непознати лица по состанок во политичка партија

од Aleksandar Petrovski

Вчера во 23.40 часот, 39-годишната Р.М. од Скопје пријавиле дека во неколку наврати била следена од непознати лица, наведено е во соопштението на Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Според пријавителката на 03.06.2020 околу 18.00 часот пред училиште во населбата Синѓелиќ, додека била на состанок на политичка партија, возило голф со кумановски регистарски таблички, во повеќе наврати кружело околу местото. Истиот ден, околу 19.00 часот, на друг состанок во Хиподром клуб, две непознати лица ја фотографирале со телефони и побегнале, а потоа во 20.30 часот пријавителката се упатила кон својот дом на улицата Орце Николов и кога излегла од возилото пред влезот на зградата ја дочекало непознато лице ја фотографирало и веднаш побегнало. Според пријавителката, и на 01.06.2020 околу 19.20 часот на крстосницата на булеварот Илинден со улицата Никола Тесла од патничко возило ауди излегол сопатникот, се упатил кон нејзиното возило, упатувајќи ѝ закани“, се вели во билтенот.

Исто така, таму е наведено и дека пријавителката навела оти и претходните месеци во неколку наврати била следена од возила (црн џип и голф), а пак, во периодот јануари/февруари годинава, во неколку наврати непознати лица во доцните ноќни часови помеѓу 00.00-03.00 часот ѕвонеле и тропале на вратата од нејзиниот стан.

Во целиот овој период пријавителката навела дека во повеќе наврати добивала пораки на Фејсбук со заканувачка и навредлива содржина, кои дополнително ќе ги приложела, соопшти МВР.

Слични содржини