Скопјанка починала во лифт кој се заглавил додека Итната помош ја носела кон болница

од Aleksandar Todeski

При интервенција на повик на улица „Никола Парапунов“ за укажување на лекарска помош на Л.Т (68) од Скопје, кога екипата на Итната медицинска помош се обидела да ја пренесе во комплексот клиники „Мајка Тереза“, лифтот се заглавил и пропаднал во подрумскиот дел од зградата, a пациентката Л.Т починала.

Ова ноќеска во 00:23 часот во СВР Скопје го пријавил доктор од Итна медицинска помош.

Како што соопшти МВР, на местото на настанот увид извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција.

Слични содржини