„Скопје и Софија ќе покажат дека можат да соработуваат и на Балканот“

од Берта Китинска

Изјави на добра волја, работни групи, железници и мостови за добрососедство, од Софија донесоа нов импулс и евидентно избегнување на прашањата што ги раздвојуваат двете земји.

На прес-конференцијата, премиерите на Македонија, Димитар Ковачевски и Бугарија, Кирил Петков истакнаа дека постои волја за брз напредок во меѓусебните односи и оценија дека работата на пет меѓувладини работни групи, со кои копретседаваат ресорните министри, го постави нормативна основа за засилена соработка.

„Навистина сум задоволен од денешните состаноци. Имавме пленарна средба, но уште поважно е што министрите во работните групи работеа на конкретни проекти кои треба да се изработат во наредниот период“, изјави бугарскиот премиер Петков.

Премиерите на двете соседни земји изразија задоволство од тоа што на првата средба е направено многу и оценија дека меморандумите потпишани како краен резултат ќе имаат економски развој на целиот регион.

Ковачевски рече дека на првата средба во Скопје, на 18 јануари, а сега и во Софија, разговарале и за политички теми, но дека најмногу време посветиле на економските.
Во однос на барањето на Софија Бугарите да бидат впишани во Уставот на Северна Македонија, тој рече дека во Уставот освен Македонија се наведени и други народи и дека е нормално граѓаните кои се самоопределуваат на друг начин да бараат да влезат во Уставот, но и дека тоа е процес кој минува низ неколку фази и институции.
-На патот на една земја кон ЕУ се отвора Уставот за да се адаптира, а потоа врз основа на барањето тие прашања ќе бидат опфатени согласно барањата на граѓаните“, рече премиерот на Македонија.

Ковачевски истакна дека Скопје и Софија ќе покажат дека можат да соработуваат и на Балканот, додека неговиот бугарски колега рече дека верува оти дијалогот ќе го замени национализмот во односите меѓу двете соседни земји.

Тој кажа дека сите прашања – пет плус едно – во разговорите со Бугарија за деблокирање на нејзиното вето за почеток на преговорите со ЕУ, ќе бидат поставени во рамка, целина. За разлика од бугарскиот премиер Кирил Петков, кој минатат недела во Скопје кажа дека прогнозира за 6 месеци да се решат сите отворени прашања, Ковачевски денеска кажа дека тој нема да калкулира со рокови.

Слични содржини